Одбиен предлогот за казнување на лица кои ќе прикријат информации од специјалната обвинителка
Предлагачите на законот за специјалниот јавен обвинител го обија предлогот на пратеникот Павле Трајанов, да се воведат казнени одредби во законот за обвинителот. Трајанов предложи амандман да се воведат затворски казни од три до пет години за оние кои што ќе прикријат информации или ќе дадат лажни информации за постапките по кои ќе работи обвинителот.
,,Има решенија кои треба да се преработат, но со оглед на времето и важноста на специјалниот јавен обвинител, битно е да се одредат вакви казнени одредби"– изјави Трајанов.
Амандманот беше одбиен со образложение дека вакви казнени одредби биле предвидени со други закони.
Поддршка на амандманот му дадоа Роза Топузовска-Каревска, Лилјана Поповска и Солза Грчева.
Поддршка на законот даде и Артан Груби од ДУИ.
