Одбележување на Јом Ашоа – Ден за сеќавање на шесте милиони убиени Евреи
Во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје денеска ќе биде одбележан Јом Ашоа - Ден за сеќавање на шесте милиони убиени Евреи од нацистите во Втората светска војна и 73 години од востанието на Евреите во Варшавското гето.
Симболично ќе бидат запалени шест свеќи и ќе биде отворена изложбата „Толеранција, дијалог и соработка: еврејската традиција, култура и историја, како дел од македонското мултикултурно општество“. Оваа изложба е дел од проект кој се реализира во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Фондацијата „Конрад Аденауер“.
Половина милион Евреи биле собрани во Еврејското гето во Варшава, на површина од 2,5 километри квадратни, од каде биле депортирани во логорите. На 27 април 1943 година кренале востание, сакајќи само достојно да умрат, се обиделе да дадат отпор на нацистите. Тие тоа сурово го казниле и по наредба на Хитлер гетото било уништено.
Комеморацијата е воедно и за 7.144 Евреи од Македонија, кои на 11 март 1943 биле собрани од нивните домови и депортирани во логорот Треблинка во Полска.
