Одбележани 20 години од егзодусот на Србите во Сараево
Во Центарот за култура во Бјелина вчера се одбележани 20 години од егзодусот на Србите во Сараево.
По тој повод беше организирана свечена академија, под покровителство на претседателот на Република Српска, Милорад Додиќ. Тој рече дека Србите изгубиле многу во војната, како за жртви, така и за имоти.
„Денес, по 20 години од егзодусот на Србите од подрачје на Сараево, се сеќаваме на голготата на нашиот народ кој не можеше да остане на просторот на Сараево“-изјави Додиќ.
Тој смета дека токму заради ова мултиетничкиот концепт не е одржлив.
Градоначалникот на Бјелина, Миќо Мичиќ кажа дека 120.000 Срби се иселиле од Сараево. На крајот беше прикажан и филм за егзодусот на Србите во Сараево.
Слично
