ОДАТ НАПРЕД: Се зголемиле платите во Словенија
Граѓаните на Словенија имаат просечна месечна заработка од 1.133 евра.
Тоа е раст од 3,7 отсто во споредба со лани, објави Државниот завод за статистика.
Платите во приватниот сектор пораснале за 3,9 отсто. Уште поголем раст има во јавниот сектор, каде во 2019 година тие биле повисоки за 5,4 отсто во споредба со минатата, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Најголеми плати имаат вработените во енергетскиот сектор, кои примаат по 2.628 евра.
Просечната нето плата во Словенија во октомври лани била 1.122 евра.
Тоа е номинално повеќе за 1,6 отсто, а реално за 1,5 отсто во однос на претходниот месец.
Словенечката плата за октомври на годишно ниво пораснала за 3,3 отсто номинално.
Во регионот, просечната нето плата во БиХ во декември минатата година изнесуваше 486 евра. Таквата плата е помала дури и од минималната плата во Хрватска.
Во Црна Гора просечната плата достигна 520 евра.
Во Србија просечната плата за ноември била 480 евра.