Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОДАТ НА ПРОДАЖБА: Се бара купувач за 70 хотели на Халкидики

ОДАТ НА ПРОДАЖБА: Се бара купувач за 70 хотели на Халкидики

Oколу 70 хотели на Халкидики ставени се на продажба од почетокот на пандемијата, пренесува тамошната агенција „Никана“.

Цената на хотелите зависи од локацијата, капацитетот и годината на изградба на самиот хотел. 

Хотелот „Палини“ во Касандра има цена од точно 12 милиони евра. Тој исто така е постар хотел, но е и најголем на оваа листа со капацитет од 150 соби.

Во рангот на поскапите хотели спаѓа хотелот кој што се наоѓа на плажата Ханиоти и кој што е изграден во 1968-та година и има капацитет од 130 соби, а неговата цена е 11.7 милиони евра.

Хотел во Полихроно кој што е изграден во 1990-та година и има 41 соба, се продава за само 2.1 милион евра.

Следниот туристички објект се наоѓа во Никити, има 25 соби. Тој е поскап од претходниот хотел за еден милион евра.

Кој што има 28 соби и се наоѓа во Касандра, ќе ве чини девет милиони евра, а објектот кој што е на самото крајбрежје во ова место има капацитет од 22 соби и чини 5.5 милиони евра.

Поради Ковид 19, оваа сезона во Грција ќе биде многу поразлична и со построги правила, кои туристите ќе мора да ги почитуваат. 

Балканците први ќе можат да отпатуваат во Грција. 

Слично

Поврзани вести