Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОДАТ НА КОЛЕКТИВЕН ОДМОР: „Кромберг и Шуберт“ ги пушти дома своите 5.800 вработени

ОДАТ НА КОЛЕКТИВЕН ОДМОР: „Кромберг и Шуберт“ ги пушти дома своите 5.800 вработени

Фабриката „Кромберг и Шуберт“ од Битола ги испрати на колективен одмор сите 5.800 вработени. 

Прекинот на производството ќе се одвива 14 дена, по препорака на нарачателите на услугите стационирани во Германија и Шпанија, изјавија за МИА од Секторот за човечки ресурси на фабриката.

Дистрибуцијата на производи за Шпанија е прекината пред неколку дена, а од утре ќе биде прекината и за Германија.

-Производствтото целосно запира зашто мерките кои се преземаат во нашата држава и во Германија и Шпанија каде се транспортира целото наше производство ја наметнаа потребата од донесување на таа одлука. Заштитата на вработените е во преден план и сите се информирани за оваа одлука.

Дистрибуцијата на производи за Шпанија ја прекинавме пред неколку дена, а од утре ќе биде прекината и за Германија, посочија од секторот за човечки ресурси на фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола.

Странскиот инвеститор „Кромберг и Шуберт“ во Битола во наредниот период ќе работи со минимален капацитет поради новонастанатата ситуација со корона вирусот.

Слично

Поврзани вести