Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од војната во Иран, Русија има добивка од историски размери

Од војната во Иран, Русија има добивка од историски размери

Цената на суровините по затворањето на Ормутскиот теснец ѝ носи на Русија милијарди повеќе отколку што планираше, предупреди во вторник Германско-руската стопанска комора.

Приходите на Русија од извозот на нафта, гас и ѓубрива надминуваат 10 милијарди евра месечно.

„Русија е големиот победник од новата војна на Блискиот Исток“, изјави претседателот на Комората, Матијас Шеп.

Москва има корист од глобалното зголемување на цените на суровините со користење на алтернативни извозни рути. 

„Сето ова „може да ѝ донесе на Русија неочекувана добивка од историски размери“, рече Шеп во Москва.

Со стабилна цена на нафтата од околу 100 долари за барел, Русија може да очекува 71,8 милијарди долари повеќе годишно отколку што беше проектирано во буџетот.

Во исто време, референтната цена на нафтата од типот Брент во јунскиот период се зголеми на повеќе од 111 долари за барел. Тоа е за речиси 40 долари за барел повеќе отколку пред почетокот на војната во Иран.

Слично

Поврзани вести