Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од Владата велат дека нема простор за поскапување на лебот

Од Владата велат дека нема простор за поскапување на лебот

Нема простор за поскапување на лебот, велат од Владата. 

„Државата го има откупено вишокот на пченица и доколку е потребно, ќе се пушти во промет за да се регулираат цените“, вели премиерот Зоран Заев. 

Рече дека сега не се размислува за интервенција  на државата по најавите дека цените на лебот ќе скокнат, затоа што досега се интервенирало со намаленото ДДВ на цената на струјата.

Цената на пченицата на светските берзи во последните неколку недели расте. Од почетокот на годинава досега, цената за еден тон пченица е зголемена за 15,3 проценти. 

Светската агенција за храна како причини за раст на цената на пченицата ги наведе се помалите произведени количества поради сушата, но и влијанието од коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести