Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од Владата стапиле во контакт со фирмите кои ги посочи Мицкоски

Од Владата стапиле во контакт со фирмите кои ги посочи Мицкоски

Владата ги чека понудите за гас и мазут од фирмите чии контакти ги даде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

„Имавме средба со тројца граѓани на Србија и тројца на Босна и Херцеговина, ги кажавме нашите потреби за гас и мазут, се договоривме за некоја базична деловна соработка и ги чекаме конкретните понуди, со цени, рокови на испорака, банкарски гаранции“, денеска брифираа владини претставници за контактите дадени од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. 

Мицкоски на членови на Економскиот совет на Владата им предал неколку негови лични контакти на компании и поединци за кои тврдеше дека можат да дадат поповолни понуди. Македонските претставници, меѓу кои бил министерот за економија Крешник Бектеши, побарале околу 230 милиони нормални метри кубни, со рокови на испорака и цена – фиксна или варијабилна.

Слично

Поврзани вести