Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од Владата објаснија на кој начин ќе се зголемат платите на административците до 30 отсто

Од Владата објаснија на кој начин ќе се зголемат платите на административците до 30 отсто

Oд Владата за Фактор одговараат дека донесле Одлука за утврдување критериумите врз основа на кои може да се зголеми висина на месечен надоместок до максимум 30 отсто над редовната плата.

Додаваат дека одлуката може да се примени на оние службеници кои ќе имаат зголемен обем на работа, прекувремени часови и дежурства, како и исклучителен резултат во служењето на јавниот интерес.

„Одлуката може да се однесува на максимум 30 отсто од вкупниот број вработени во институцијата. Праксата покажа дека во време на КОВИД-19 и кризни ситуации како тековната со пожарите, во институциите се издвојуваат поединци кои не се и нема да бидат повеќе од 30 отсто од вкупниот број вработени и кои понесуваат сериозен товар од работата во исклучетни ситуации. За службениците кои извршуваат вонреден обем и вонреден тип работни задачи, одговорното лице на институцијата може да донесе одлука за зголемување на месечниот надомест до најмногу 30 отсто. Владата за оваа мерка разговараше повеќе месеци имајќи ги предвид искуствата од вонредниот ангажман на дел од службениците за време на пандемијата, а одлуката ја донесе врз основа на информациите доставени од повеќе институции“, додаваат од Владата. 

Ова наиде на критики. Опозицијата се побуни.  ВМРО-ДПМНЕ обвинува за предизборен поткуп по измените за додаток на плата. 

Повеќе детали читајте тука. 

Слично

Поврзани вести