Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од вечерва на полноќ Србија оди во карантин

Од вечерва на полноќ Србија оди во карантин

И овој викенд Србија се затвора. Но, сега затворањето почнува од вечерва на полноќ.

На седницата на Кризниот штаб се донесени мерки за претстојниот викенд, според кои во сабота и недела нема да работи ништо освен продавниците за храна, аптеките, здравствените установи, бензинските пумпи за полнење гориво, киосците и доставувањето храна.  Бројот на заразени расте. Во средата, имаше 4.590 новоинфицирани, што е најголем број на позитивни тестови од 18 декември, кога беше пикот. Досега се ревакцинирани скоро 700.000 граѓани и се користени околу 1,85 милиони вакцини. Србија во мај ќе почне да ја произведува руската вакцина Спутник В. 

Наесен земјата ќе има и фабрика за производство на кинеските вакцини Синофарм. 

Слично

Поврзани вести