Од утре „втора сезона“ на бомбите на СДСМ
Најсилно може да одекнат необјавените „бомби“.
Со вакво „предупредување“ се соочи СДСМ, откако пред протестот на 17 мај, најави привремен мораториум на проектот „Вистината за Македонија“.
Како што пренесуваат медиумите најголемата опозициска партија од утре ќе продолжи со сезоната на објавување таканаречени бомби.
До сега се објавени 33 бомби од вкупно 102, неодамна посочи лидерот на СДСМ Заев, а било планирано во првата фаза да бидат објавени 35.
Бомбите За А1 телевизија и Смиљковско пред митингот на опозицијата не беа обелодените поради кумановските настани, со оглед на нивната сензитивност.
Ветивме дека ќе ја соопштиме целата вистина и не бегаме од тоа, изјави Заев пред некој ден за Дојче Веле.
„Не е во прашање само ‘Смилковско езеро’. Има и други содржини што и ги ветивме на јавноста, а до денес не се објавени, како што е и случајот ‘А1 телевизија’, ‘Скопје 2014′ и многу други. Изминативе денови имаме многу активности – протест, лидерска средба во Скопје, средба во Стразбур… Објавувањето на ‘бомбите’ привремено беше запрено затоа што сакавме да му дадеме примат на протестот. Но, ништо нема да остане необјавено. Кон крајот на неделава ќе донесеме одлука кога ќе продолжиме со објавувањето и на другите содржини од ‘Вистината за Македонија’. Затоа, молам за трпение и за разбирање“, изјави Заев.
Слично
