Од утре се акредитираат здравствени установи
Процесот на стандардизација на здравствените установи и нивна акредитација стартува утре. Директорите од денеска добија и список со мерки со зададени рокови за да ги исполнат стандардите за акредитација.
„Почнувајќи од денеска Министерството за здравство до сите ЈЗУ од секундардна и терциерна здравствена заштита веќе достави и примери за добра пракса, кои треба да послужат за олеснување на процесот на подготовка на целосната документација“, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.
Република Македонија го избра францускиот модел на акредитација на здравствените установи. Целта е да се овозможи стандардизирано ниво на квалитет на здравствените услуги во сите јавни здравствени установи во земјава.
Стандардите за акредитација се поделени во поглавјата: управување и раководење, човечки ресирси, управување со информации, управување со ризик и безбедност на пациенти, лекување на пациенти и специфични клинички услуги.
Во претстојниот период, Министерството за здравство во соработка со новоформираната Агенција за квалитет и акредитација на здравствените установи, ќе биде целосно фокусирано кон овој процес на исполнување на условите во здравствените установи.
Слично
