Од утре продолжува бојкотот на наставата во средните училишта!
Средношколците од утре го продолжуваат бојкотот на наставата, но во зголемен број на училишта низ земјава. Учениците велат се разочарани од сеуште игнорантскиот однос на надлежните кои иако најавија не остварија средба со нив. Но овој според нив познат начин на делување, нема да ги обесхрабри да продолжат со бојкотирање на редовната настава кој засега им е единствениот начин да го свртат вниманието на одговорните во секторот образование. Од Средношколскиот пленум празничните денови ги искористиле да се координираат инетрните пленуми на деветте скопски училишта со нивните соученици од Охрид, Велес, Струмица, Куманово, Тетово. Од утре на бојкотот се приклучува и средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов" од Битола.
“Бојкотот ќе започне така што ќе се бојкотира наставата на последните два часа од првата смена и првите два часа од втората смена, па ако има добра атмосфера и заинтересираност, ќе се продолжи со помасовен, целодневен бојкот на кој се надеваме дека ќе се приклучат и останатите училишта” -велат членовите на Средношколскиот пленум од Битола.
Слична е велат состојбата и во охридските средни училишта во кои и покрај силните притисоци средношколците се помасовно се организираат заеднички да ја бојкотираат наставата.
“Нашите цели се јасни и аргументирани. Побаравме средба, не се оствари. Неможеме да дојдеме до Скопје бидејќи тоа би било финансиски товар за нас и нашите родители, но почнавме со бојкот на наставата кој треба да е сериозен показател дека нешто не чини во образованието. Ние како идни интелектуалци не смееме да премолчуваме на неправди, притисоци и реформи чии последици ќе ги чувствуваме сите сегашни и индни генерации”-потенцира средношколец од охридската гимназија “Св. Климент Охридски”.
Бојкотот на наставата продолжува и во дел од кумановските училишта кои меѓу првите го изразија својот револт и незадоволство преку ваква форма на делување. Учениците се децидни дека без средба неможе да се изнајдат заеднички решенија, а уште помалку да се прават договори со неактивна средношколска организација која нагласуваат, ниту ги знае па ниту ги штити нивните интереси.
“Ние бараме заштита на правото на образование, со цел во заеднички разговор со надлежните од Министерството за образование и наука да се изнајде решение за конфузната состојба со полагањето на државната матура по новиот концепт како и екстерното тестирање. Матурантите се најзасегнати, бидејќи не гази времето, а надлежните сакаат по секоја цена да се протуркаат нивните реформи. Ниту сме консултирани, ниту известени за новиот начин на полагање на државна матура. До крајот на првото тромесечие не беа дадени никакви насоки од страна на професорите во врска со новиот концепт. Пред крајот на првото полугодие беа истакнати термини за полагање на испитите од екстерниот дел на државната матура, кои на почетокот на второто полугодие претрпеа измени. Новиот концепт на полагање на државна матура предвидува сите три екстерни испити да бидат полагани двапати, еднаш во писмена и втор пат во електронска форма, а математиката станува задолжителен предмет. Вака конципираниот модел има негативен ефект врз учениците “- вели ученичка од кумановското средно училиште “Перо Наков”.
Еден од клучните проблеми кој може да предизвика вистински хаос во образовниот систем според средношколците е најавата дека оние ученици што нема да потпишат изјави за полагање на матура по новиот концепт, може да се соочат со опасноста да не ги полаагаат испитите во јуни, со што ќе се проблематизира уписот на факултетите. Засега од министерството, официјално нема ваква информација.
Средношколците деновиве се пожалија на закани и притисоци од страна на професорите и директорите на училиштата кои од нив барале да потпишат изјави дека ќе полагаат државна матура по новиот концепт, во спротивно добивале закани со неоправдани изостаноци, исклучување од училиште и парични глоби до 2000 евра. Учениците пак од друга страна ќе продолжат секој ден да доаѓаат во училиште и да водат редовна евиденција за присуство, а времето ќе го исполнуваат со алтернативни предавања и работилници.
Средношколскиот Пленум, побара транскрипт на дијалогот помеѓу тогаш неактивната Унија на средношколци и Министерството за образование и наука преку кој очекуваат да се види како и на кој начин се воделе преговорите и како експресно се донесе одлуката матаматиката да биде задолжителен предмет во државната матура само за математичките гимназии.
“Досега се покажа дека технички не беше целосно обезбеден системот за беспрекорнода се спроведат ниту државната матура ниту екстерното. Државната матура ја губи формата на стандардизиран тест бидејќи со електронско полагање тестот нема тежина. Дополнително времето за полагање е преполовено, што влијае на концентрацијата и способноста да се реши тестот. Овие начини на тестирање не даваат реална оценка на знаењето бидејќи има различна застапеност на предметот математика и неговото изучување во една недела, се учи по разни учебници, на различни наставни содржини. Ова создава нееднаквост помеѓу учениците” -објаснуваат средношколците.
Според нив, екстерното тестирање и државната матура како и начинот на нивно спроведување не го евалуира на соодветен начин знаењето на учениците бидејќи не е земена активноста на часовите,а не се земаат во предвид усвоените знаења и вештини.
На овие забелешки реагираше и Народниот правобранител Иџет Мемети кој побара од ресорниот министер да се сретне до претставници на Средношколскиот пленум и да ги чуе нивните барања. Народниот правобранител препорачува почитување на Европската конвенција за човекови права која го заштитува правото на слобода на изразување, слобода на сопствено мислење што е од голема важност за градење на демократскиот развој на општеството. Од канцеларијата на правобранителот очекуваат надлежните да превземат итни мерки за вклучување на младите во креирање на законите, кои првично најмногу ги засегаат токму матурантите и за десетина дена да им вратат повратен одговор околу изнесените аргументи и ставови на средношколците.
“Треба да бидеме свесни дека реакциите на младите се резултат на општествениот контекст во кој живееме. Ваквата демонстрација и злоупотреба на моќ иритира, е неприфатлива, и не смее да помине. Време за разговор и сослушување на средношколците мора да се најде. Со ваквото дрско игнорирање (како форма на пасивна агресија) на ненасилните начини на отпор (како што се протест и бојкот) се ризикува да се прати порака до младите дека овој начин на делување е залуден, дека безпоговорната покорност кон возрасните е вредност која треба да се негува; и дека послушноста е во ред”-напиша Народниот правобранител во својот допис упатен до ресорниот министер.
Најостра осуда за сите форми на притисок и закани врз учениците упати и првата детска амбасада “Меѓаши”според кои затварањата на врати кога учениците се внатре или кога учениците се надвор, однапред предодредените неоправдани изостаноци додека учениците се во училиштата, родителските состаноци проследени со „информации“ кои казни следуваат за вакви ситуации, заканите со 2000 евра казни, уцените со неодење на екскурзии, заканите за намалување на оценки, сликањето на ученици кои бојкотираат и праќање на истите до нивните родители со закани дека ќе летаат од работа, како и други форми на притисок и насилство кои се кршење на низа на права на децата.
Од Средношколскиот пленум се децидни дека не отстапуваат од намерата за бојкот на наставата се додека не седнат на заедничка маса со надлежните за да ги судрат аргументите на двете засегнати страни со цел да се изнајдат најдобри решенија. Деновиве, потенцираат од Пленумот, ќе има поголема вклученост на повеќе средни училишта кои ќе ја бојкотираат наставата.

Слично