Од утре поевтинува бензинот и дизелот
Малопродажните цени на бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 од утре се намалуваат за 2 денари, додека малопродажната цена на Еуродизелот се намалува за 2,5 денари, објави Регулаторна комисија за енергетика.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 3 денари, додека цената на Мазутот М-1 НС не се менува.
Според тоа, новите цени од полноќ се: Еуросупер 95 - 93,50 (денари/литар), Еуросупер 98 96,00 (денари/литар), Еуродизел 93,00 (денари/литар), Масло за горењеЕкстра лесно 1 (ЕЛ-1) 91,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 53,343 (денари/килограм).
Слично
