Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од утре поевтин бензин за 35 центи во Германија, ќе се доаѓа и од Швајцарија по гориво

Од утре поевтин бензин за 35 центи во Германија, ќе се доаѓа и од Швајцарија по гориво

Германија ги намалува даноците за гориво. Одлуката стапува во сила на 1 јуни и ќе трае три месеци. Се очекува голем број на швајцарски државјани да ги полнат резервоарите во соседната земја.

Министерот за финансии Кристијан Линдер и министерот за економија Роберт Хабек очекуваат пад на цената на бензинот за 35 центи, додека дизелот за 17 центи, пишува германскиот весник Билд.

Оваа одлука на германската влада предизвика паника меѓу компаниите за гориво во Швајцарија, јавуваат швајцарските медиуми.

Според нив, сега се очекува нивните граѓани да одат да се снабдуваат со гориво во германските погранични реони.

Рамон Вернер, шеф на Oel-Pool AG, кој управува со околу 700 бензински пумпи во Швајцарија, вклучувајќи ги BP и Ruedi Rüssel, очекува неговите компании да претрпат вртоглави загуби.


Слично

Поврзани вести