Од утре ќе се кршат копја за медиумите
Реформите во медиумските систем се следниот предизвик на политичките партии, кои од утре продолжуваат со преговори.
Работните групи заедно со европскиот посредник Питер Ванхауте ќе седнат на преговарачката маса за да го решат едно од клучните прашања за излез од политичката криза и обезбедување предуслови за слободни избори.
Новинарските здруженија денеска ги повикаа политичките партии да го прифатат првиот предлогот на Ванхауте.
„Овој предлог се базира на најдобрите европските практики дополнет со најдобрите идеи од македонските новинари, медиуми и експерти. Тој ќе ги ослободи македонските медиумите од притисокот на политиката и ќе придонесе да имаме попрофесионални и поодговорни медиуми. Со прифаќање на предлозите на Ван Хауте, МРТ ќе биде сервис на граѓаните, а на не политичките партии, а Агенцијата на медиуми стручно и професионално тело кое ќе ја штити слободата на медиумите. Со тоа, исто така, ќе престане една лоша практика власта со јавни пари да ги корумпира и контролира медиумите.” – порачаа од ЗНМ.
Со нив се согласуваат и од самостојниот синдикат на новинари, за кои законот предложен од Ванхауте претставува спас за новинарството.
Од друга страна пак, Од Македонската асоцијација на новинари пак не ги прифаќаат предложоите на СДСМ и Ванхауте. Тие сметаат дека нема потреба од менување на постоечкиот закон од медиумската сфера кој е со европско знаменце и е донесен пред 20-тина месеци.
Преговорите за медиумските реформи продолжуваат утре, а неофицијално по последниот предлог на ВМРО-ДПМНЕ пред работната група ќе се најде и нов предлог од СДСМ но нема детални информации.
