Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од утре горивата со нова цена

Од утре горивата со нова цена

Регулаторна комисија за енергетика соопшти дека од полноќ поскапуваат цените на моторните горибва и тоа за 1,5 денари.

Според Одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 72 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе биде 74 денари за литар, еуродизелот ќе чини по 64,5 денари, а екстра маслото за домаќинството ќе се продава по 53 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,951 денари и ќе изнесува 34 денари за килограм

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 74,5 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 53,62 денари.


Слично

Поврзани вести