Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од утре: Бензинот поевтин, дизелот поскап

Од утре: Бензинот поевтин, дизелот поскап

Од утре, односно на полноќ, малопродажните цени на бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 се намалуваат за 0,50 денари по литро, додека малопродажните цени на Еуродизел и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 1 денар, со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,805 денари.

Од 22.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат: Еуросупер 95      79,00   (денари/литар) Еуросупер 98      81,00 ден., Еуродизел 77,00 ден., Масло за горење  Екстра лесно  73,50  ден., Мазут М-1 НС  52,354 денари.

„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините  за 1,048%, кај дизелот има зголемување за 0,668%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 1,020% и кај мазутот намалувањето е во просек за околу 1,904%.  Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,059%“, образложи РКЕ.

Слично

Поврзани вести