Од утре „апокалиптични“ цени на дизелот во Македонија, ќе биде поскап за 14,5 денари
Цените на горивата од утре ќе дивеат во Македонија, откако денес Регулаторната комисија за енергетиак ги соопшти новите цени кои навидум изгледаат како „апокалиптични“.
Најскап е дизелот кој ќе се продава по цена од 85,5 денари по литар, а бензинот Еуросупер 98 ќе биде 81,5 денари по литар.
„Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 14,27% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија од 02.03.2026 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка
бележат зголемување кај бензините во просек за 13,384% или за 95,150 $/тон, кај дизелот зголемувањето е во
просек за 36,134% или за 266,250 $/тон, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 32,102% или за
230,650 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 27,870% или за 108,150 $/тон, поради што во
структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување“, соопшти РКЕ.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за
5,00 ден. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 14,50 ден. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 12,50
ден. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 7,044 денари.
Нови цени:
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 79,50 (денари/литар)
- Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 81,50 (денари/литар)
- Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 85,50 (денари/литар)
- Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 82,50 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС - 42,586 (денари/килограм)
