Од уривање на црква до демолирање на општина Центар: Кој манипулира со граѓаните?
Голем протест и нереди денеска се случуваа пред седиштето на општина Центар кога поголема група граѓани ја прекинаа работата на Советот и побараа да не се руши црквата „Св. Константин и Елена“, која се гради на платото пред Домот на Армијата. Демонстрантите ја блокираа општината, се кршеа прозорци, се повикуваше на одговорност пред Господ.
Според градоначалникот на општината Центар, Андреј Жерновски, овој протест е само кулминација на сите негодувања кои почнаа по неговото доаѓање на функцијата.
„Сите објекти кои се во изградба меѓу кои и црквата „Св.Конснстатин и Елена“ ќе продолжат да се градат“, рече Жерновски и повтори дека луѓето кои што протестираат пред општината се изманипулирани од владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Исто така , додаде Жерновски, тој се обидел ова да им го каже на демонстрантите, но полицијата не сакала да одговара за безбедноста.
Претходно пред насобраната група се обрати претседателот на советот Мирослав Шиповиќ, но тој беше нападнат од групата која неколку пати ја прекинуваше седницата на советот.
Веритас:Жерновски лаже
Од граѓанската иницијатива „Веритас“, која е организатор на денешниот протест велат дека не му веруваат на Жерновски и не е вистинито тврдењето дека нема да се руши црквата „Св. Констатнтин и Елена“.
„Кога тој вели дека црквата нема да се урива, јавноста треба да знае дека тој лаже. Имено, Жерновски инсистира противзаконски и противуставно да се укине Деталниот урбанистички план во кој е предвидена црквата „Св. Елена и Константин“ и да се врати во правна сила стариот ДУП во кој црквата не е предвидена. Бидејќи во стариот ДУП ја нема предвидено црквата, по неговото усвојување црквата ќе се третира како дивоградба и таа ќе биде срушена“, соопштија од „Веритас“.
За протестот во Центар се заинтересираа и амбасадорот на ОБСЕ, Ралф Брет и амбасадорите на Холандија и на Италија, Мариет Шурман и Фабио Кристијани. Тие бараа објаснување и средба со Жерновски на која тој ги запознал дека граѓаните биле изманипулирани оти денеска ќе се одлучува дали ќе се урива црквата.
Слично
