Од Т-Мобиле реагираат на снимките на Заев
Од компанијата на Т-Мобиле Македонија денеска излегоа со реакција за една аудио снимка на лидерот на опозицијата Зоран Заев во кои според опозицијата се слуша наредба за исклучување на телефонски број наводно на барање на член на Одборот на директори.
Од Т-Мобиле велат дека неизвршен член на Одборот на директори, според законските прописи и интерните компаниски акти нема право да дава налози за постапување во секојдневното оперативно работење на компанијата.
„Т-Мобиле Македонија без исклучок ги гарантира сите права на корисниците, кои им се пропишани според законот за електронски комуникации“, се вели во реакцијата од компанијата.
Слично
