Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од Студентите до лекарите: Горди на иднината, загрижени за сегашноста!

Од Студентите до лекарите: Горди на иднината, загрижени за сегашноста!
Во 52 та недела од оваа 2014 та година можеме да потврдиме дека сме горди што успеавме да бидеме горди на иднината. Можеби не сме задоволни од сегашноста, економијата и животниот стандард, ама барем има некој што сето тоа го сфаќа и не му е сеедно. Студентите уште еднаш по трет пат во последниов еден месец потврдија истрајност за промени во начиниот на кој креаторите на политиките се однесуваат кон нив. Дали ќе успеат? Несомнено, тие се веќе победници. Проблемот останува во лекарската фела, а во економијата има подобрување. Фактор: неделен избор! (ВИДЕО-ФОТО) Студеното време не ги запре студентите по трет пат да кажат „НЕ“ за државен испит Минатава недела исто така бевме сведоци на 15 тиот по ред месечен раст на индустриското производство. Власта, растот го објасни со реформите кои, како што вели даваат резултати. Експертите имаат толкување дека растот е нормално враќање по падот на индустријата во минатите години. Како и да е, нешто се движи! НЕОПХОДНО Е РАСТОТ ДА ПРОДОЛЖИ: Производството покажа знаци на закрепнување! Продолжи падот на цените на бензините. Ете уште една добра вест за предновогодишната журка што доаѓа. Така ќе биде и утре. Возиме бензин на ниво пониско и од 2009 та! ПОЕВТИНУВАЊЕ: Очекувајте нови цени на бензините во понеделник! Сфативме дека Борис Трајковски не бил убиен. Добро е што падна уште еден мит за заблудување на јавноста! Извештајот во раце на македонските власти, грешките на пилотите пресудни! И на крајот е најчитаниот пост на неделата. Текст кој многу зборува за состојбите во здравството. Простете министре, ама нешто мора да се преземе, во спротивно останавме без лекари! ЛЕКАРСКА ИСПОВЕД ОД ГЕРМАНИЈА: Плачам додека пишувам, но Македонија ми го одзеде достоинството!
Слично

Поврзани вести