МВР:Од студенти земале мито за преодна оценка
Шест професори од Економски факултет, демонстратор и сопстевник на бифе земале мито од студенти за полагање на испити.
Директно или индиректно преку посредници барале поткуп со цел студентите да ги положат испитите. Пет лица се приведени, а тројца се повикани на инфромативен разговор.
„Пријавените во текот на 2015 и 2016 година заарди стекнување на противправна имотна корист, ја искористиле својата службена положба на начин што од студенти на Економски факултет Скопје директно или индиректно барале парични средства, за да во рамки на своите можности извршат дејствија што не смееле, односно да добијат преодна оценка студентите без потребното знаење“- изјави министерот за внатрешни работи, Митко Чвков.
При претрес пронајден е нотес со податоци за студенти и матични броеви.
Приведените се стекнале противправно со имотна корист, така што во неколку наврати земале по 500 или 1000 евра.
