Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од Струмица за Дортмунд – за 200 евра ветувале азилантски статус во ЕУ

Од Струмица за Дортмунд – за 200 евра ветувале азилантски статус во ЕУ
Двајца струмичани заработија кривични пријави затоа што организирале и превезувале лица во земји-членки на Европската унија, каде им ветувале дека ќе добијат азилантски статус. СВР Струмица до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција достави кривична пријава против М.М.(40) и О.А.(39) двајцата од Струмица поради постоење основано сомневање дека пријавените сториле кривичното дело „злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската унија и на Шенгенскиот договор“. Тие во текот на минатата година со цел да се стекнат со имотна корист врбувале, поттикнувале, организирале и превезувале лица во државите од Европската унија и Шенгенскиот договор, а најчесто во градот Дортмунд, Германија со цел лицата да се стекнат со економски и социјални права. Како што соопшти МВР, пријавените организирањето и транспортот го вршеле со цел возен парк - три автомобили „Форд Галакси“, еден “Пасат”, еден “Шаран”, еден “Форд Транзит” и еден “Фиат Дукато” сите со струмички регистарски ознаки. Лицата кои ги убедувале да заминат во Дортмунд и други европски градови потекнувале од повеќе населени места од општините Струмица, Василево и Босилово. М.М. и О.А. на лицата лично им ветувале дека ќе добијат статус на азиланти во соодветната држава на ЕУ за што им наплатувале одредена сума пари најчесто од 200-300 евра од член на семејство.  
Слично

Поврзани вести