Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД СТРАВ ИЛИ ПОРАДИ НЕШТО ДРУГО, ЗЕМЈИТЕ СИ ГО ВРАЌААТ ЗЛАТОТО: Истражување на нвестициската компанија Инвеско

ОД СТРАВ ИЛИ ПОРАДИ НЕШТО ДРУГО, ЗЕМЈИТЕ СИ ГО ВРАЌААТ ЗЛАТОТО: Истражување на нвестициската компанија Инвеско

Се повеќе земји ги враќаат своите златни резерви во матичните земји, е заклучокот од најновото истражување на американската инвестициска компанија Инвеско од Атланта.

Главната причина за овој потег се санкциите на Западот против Русија и последователното замрзнување на нејзиниот имот, пишува Ројтерс.

Годинава Invesco спроведе истражување во кое беа вклучени централни банки и државни фондови од неколку земји и покажа дека 68 отсто од анкетираните организации ги чуваат своите златни резерви во матичните земји.

Во 2020 година оваа бројка беше 50 проценти.

Ројтерс овој тренд го припишува на замрзнувањето на половина од златните и девизните резерви на Русија во вредност од 583,74 милијарди евра како дел од санкциите.

За еден од испитаниците златото е „безбедно засолниште“ кое треба да се „заштити“, пренесува Танјуг.

Повеќе од 85 отсто од анкетираните 85 суверени фондови и 57 централни банки веруваат дека инфлацијата само ќе се зголеми во следната деценија. Околу 80 отсто од вкупно 142 учесници во студијата сметаат дека геополитичките тензии се главен ризик во следната деценија.


Слично

Поврзани вести