Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од ССМ велат дека Македонија останува меѓу најлошите држави во светот за работниците

Од ССМ велат дека Македонија останува меѓу најлошите држави во светот за работниците

Македонија како што велат од Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ),  останува во групата земји со системско кршење на работничките права. 

Македонија повторно е рангирана во групата земји со системско кршење на работничките права според Глобалниот индекс на права на Меѓународната конфедерација на синдикати.

Според ССМ, наместо очекувано подобрување, најновиот извештај покажува тапкање во место и дополнителни индиции за влошување на состојбите. Земјата останува со оценка 4, што во методологијата на индексот значи систематско кршење на работничките права, односно сериозни ограничувања на колективниот глас на работниците, синдикалното организирање и заштитата на трудовите права.

Синдикатот посочува дека во извештајот се нотирани повеќе состојби што отвораат прашања за односот на институциите и работодавачите кон работниците и синдикатите. Меѓу нив се наведуваат притисоци врз синдикалното организирање, обиди за создавање таканаречени жолти синдикати, како и нарушување на приватноста на синдикални претставници по големите работнички протести.

ССМ тврди дека посебно е забележан случајот од февруари 2026 година, по еден од поголемите работнички протести во земјата, кога претседателот на ССМ и неговото семејство биле изложени на објавување снимки од приватниот живот на социјалните мрежи. Според синдикатот, тоа е оценето како сериозно прекршување на правото на приватност, особено поради тоа што во снимките биле опфатени и малолетни членови на семејството.

Глобалниот индекс на права ги следи прекршувањата на меѓународно признатите работнички и синдикални права, вклучително правото на штрајк, колективно договарање, синдикално организирање и пристап до правда. Во последниот извештај се наведува дека Европа бележи најлош просечен резултат од почетокот на индексот, а во голем дел од земјите се регистрирани ограничувања на правото на штрајк и пристапот до правна заштита.

Слично

Поврзани вести