Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oд ССМ со фотографија илустрираа што значи просечната плата во Македонија

Oд ССМ со фотографија илустрираа што значи просечната плата во Македонија

Следниот пат кога претставник на Владата ќе се фали со просечната плата, да го разбере значењето на истата, наведуваат од Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) и објавуваат фотографија на која се гледа дека пред еден човек има месо, а пред друг само коска. 

Власта се пофали дека платите растат, а ССМ бара повисоки плати или ќе има радикализација од септември. 

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава  била 31.869 денари и во однос на јуни лани е зголемена за 10,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Просечната плата расте и во споредба со месец мај, кога истата изнесувала  31.407 денари.

Слично

Поврзани вести