Од среда судската администрација штрајкува
Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи ја информираме јавноста дека штрајкот во судовите кој двапати беше одложен и презакажан, ќе започне во среда и ќе трае се до исполнување на барањата.
„УПОЗ заедно со Здружението за судска администрација со цел изнаоѓање решение за исполнување на барањето за добивање и исплата на додатоци на плата во висина од 35% за судската служба на два пати донесоа одлука со која се одложи штрајкот првично најавен за 3 мај 2016 година. Одложувањето на штрајкот беше резултат на Одлуката на Владата што ја донесе на 25–та седница на која ја усвои Информацијата за обезбедување на финансиски средства за зголемување на надоместоци и додатоци на вработените во судовите и му препорача на Судскиот буџетски совет преку Министерството за финансии да обезбеди финансиски средства за таа намена“ - се наведува во соопштението од УПОЗ.
Бидејќи до денес Синдикатот на УПОЗ нема добиено повратна информација дали Министерството ќе постапи по препораката на Владата на Р. Македонија штрајкот во судовите ќе продолжи, додаваат од УПОЗ.
