Од сметките на ЕУ лани ненаменски потрошени 6,3 милијарди евра
Исплати на стимулаци на земјиште кое сопственик го пријавил како обработливо, а во реалноста е мотокрос патека, исплата на стимулации за трајни пасишта кои пораснале во трње или заобиколување на правилата за јавна набавка.
Не, не се тоа македонски примери за замрачување на буџетските пари туку европските пандани набројани во извештајот на Европскиот ревизорски суд кој утврдил дека Унијата ненаменски потрошила 6,3 милијарди евра минатата година. Колку од тоа се однесува на секоја земја посебно не е потенцирано бидејќи извештајот не прецизира детали според поедини држави членки.
Европскиот ревизорски суд, колоквијално познат и како Финансиско куче чувар на Унијата, предупреди дека ненаменското трошење и понатаму значајно ги пробива прифатливите граници, но и го повика Брисел буџетот кој полни 28 членки да се флексибизира и да биде чуствителен на шокови како мигрантската криза. Затоа е потребен „целосно нов пристап“ на начинот на кој ЕУ ги троши своите пари како членките би можеле полесно да ги користат непотрошените средства за вонредни соостојби.
Шаролика лепеза
Шаролика е лепезата на примери на креативно трошење, од слабо користени аеродроми од кои половина ги заслужиле европските пари, до субвенции за земјоделско земјиште кое всушност е мотокрос патека, се наведува во извштајот. „Повикуваме на целосно нов пристап, не можеме да си дозволиме да продолжиме по старо“, рекол челникот на Европскиот ревизорски суд Витор Калдеира.
Проблемот со бегалската криза
Истакнал дека извештајот доаѓа во посебно тежок период кога ЕУ е пред предизвик на борба за сосздавање нови работни места и раст како и соочување со најголемата миграциона криза од Втората светска војна. Затоа буџетот мора да се усогласи подобро со стратешките приоритети на Унијата во долг рок како подобро би можела да одговори на кризата. Ревизорското прочешлување на буџетот дошло до заклучок дека стапката на грешки во трошењето на 142,5 милијарди евра благо паднала од 4,5 посто на 4,4 посто минатата година, но и понатаму е значајно над прифатниот плафон од 2,2 посто.
Ревизорите сметаат дека правилата на европското буџетирање и седмогодишната финансиска перспектива до 2020 не овозможуваат брза реакција на вонреднте ситуации како што е мигрантската криза и приливот на бегалци од Сирија и другите земји погодени од војните. „Решавање на прашањето со мигрантите би имало повеќе корист средствата да се наменат за други подрачја и искористат на некој флексибилен начин“, смета Калдеира. Ревизијата на трошење проверува дали средствата се потрошени според правилата на ЕУ , но не ги мери „измамите, неефикасноста или погрешното трошење“, а секое сомневање на измама го пријавува уредот за борба против измами (OLAF).
