Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од следниот месец граѓаните ќе плаќаат поевтино парно

Од следниот месец граѓаните ќе плаќаат поевтино парно

10 отсто поевтино парно ќе плаќаат граѓаните почнувајќи од 1 август.

Падот на цената на природниот гас ги натера компаниите да ги намалат цените.

Според претседателот на Регулаторната комисија за енергетика сите потрошувачи што се снабдуваат со топлинска енергија од операторите „Балкан енерџи“, односно од „Производство“, „Дистрибуција“ и од „Снабдување“, ќе бидат намалени со оваа одлука. Цената на топлинската енергија за домаќинствата ќе се намали за 10,93 отсто.

Кај „Скопје Север“ намалувањето ќе биде за 4 отсто и кај едните и кај другите потрошувачи а приклучените на Елем енергетика ќе плаќаат цени поевтини за 11,59 отсто.

Досега опозиција многу пати бараше надлежните да ја намалат цената на парното, а тоа го побараа и денеска.

Но партијата на Заев бара цената да се намали за 30 проценти обвинувајќи ги компаниите дека цела година на граѓаните им наплаќаат повисоки сметки.

„РКЕ имала законска обврска да реагира и да ја намали уште во декември 2015 цената на топлинска енергија за потрошувачите на овие две компании, бидејќи нивните трошоци за набавка на горивото природен гас биле помали од проектираните“ укажуваат од опозицијата.

Слично

Поврзани вести