ЌЕ РАБОТИ И ВО СКОПСКАТА И ВО СЛОВЕНЕЧКАТА ШПАРКАСЕ: Неданоска ќе работи и како член на надзорниот одбор во банката во Словенија
Заменик-Претседателката на Управниот Одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, Нина Неданоска, доби уште една работна функција. Ќе работи во словенечката Шпаркасе, како член на Надзорниот одбор.
„Ова назначување не е само лично признание за нејзината долгогодишна посветеност, експертиза и визија, туку и силна потврда за кредибилитетот на нашата институција, Преку своето искуство во водечки меѓународни банки, Нина покажува што значи лидерство во време на промени - градење стабилност, насоченост кон иновација и трансформација на банкарството во корист на клиентите. Нејзината улога на новата позиција е од исклучителна важност за унапредување на соработката меѓу институциите во групацијата и отвора нови перспективи за развој, стабилност и уште посилен имиџ на Шпаркасе Банка АД Скопје на меѓународно ниво.
Горди сме што имаме лидер кој со својот интегритет, труд и визија ја позиционира нашата банка како пример за професионализам и иновација“, информираа од Шпаркасе АД Скопје, на официјалниот Линкед Ин профил.
