Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од СЈО наскоро се очекуваат нови обвиненија

Од СЈО наскоро се очекуваат  нови обвиненија
Во шестмесечниот извештај  специјалната обвинителка, Катица Јанева  најавува дека наскоро ќе има обвиненија против неколку лица.
Под истрага  досега се  80 лица опфатени во 30 предмети. Меѓу нив покрај кривичните дела за изборниот криминал, 6 лица се товарат за кривично дело неовластено прислушкување и тонско снимање,  1 лице за кривично дело шпионажа,   1 лице за кривично дело насилство спрема претставници на највисоките државни органи,  2 лица за кривично дело повреда на рамноправноста на граѓаните, а за 10 лица се води  постапка и за кривично дело злосторничко здружување.
 Досега биле составени 221 записник од лица кои биле на распит кај Јанева. Издадени се 29 наредби за заштитени сведоци. СЈО пуштило и една наредба за спроведување на посебни истражни мерки, а во предистражна фаза се 120 предмети.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги достави  материјалите во шест кутии, а во СЈО била формирана комисија за прислушување со поделени надлежности. Комисијата имала близу 550.000 фајлови, а од нив 540 646 се аудио фајлови, 6302 се во ворд, ексел и ПДФ формат. Предадени се 23 спирално укоричени книги со 18 155 страници на кои се содржани 119, 088 транскрипти од разговори и СМС пораки.
 За финансиите, од одобрените 1.300.000 евра, потрошени се 220.000 евра, а останатите се повлечени назад во буџетот.
Од Специјалното обвинителство кажаа дека немаат обврска извештајот јавно да го образложуваат во Собранието. Од кабинетот на спикерот, Трајко Вељаноски објаснуваат дека  Јанева извештајот ќе треба да го образложи на 21 на матична комисија во Собрание, а на 28 март на пленарна седница.
Слично

Поврзани вести