Од Сирија, Иран, Палестина, Нигерија – патот на илегалните мигранти води низ Македонија
Во три одвоени случаи полицијата минатата недела открила вкупно 20 илегални мигранти, кои преку Македонија имале намера да заминат за западноевропските земји.
Најголемиот дел од нив, дури 15, биле од Сирија, а останатите од Иран, Нигерија и Палестина.
МВР поднесе три кривични пријави против лицата кои ги криумчареле мигрантите, а се трага и по останатите лица кои управувале со автомобилите и го организирале превозот. Дел од автомобилите полни со мигранти успеале да и побегнат на полицијата.
Возачите ги преземале мигрантите во близина на грчката граница и им ветувале превоз до Скопје или до српска граница за одреден паричен надомест. Во еден од случаите надоместот за „услугата“ бил утврден на 500 евра, кои на превезувачот требало да му ги плати лице од Србија преку Вестерн Јунион.
Меѓу уапсените за криумчарење мигранти има и еден 16-годишен малолетник.
Слично
