Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од синоќа косовско ембарго за македонските производи!

Од синоќа косовско ембарго за македонските производи!
Од утрово околу еден часот Косово стави ембарго за македонските производи. Важи за житни, млечни и кондиторските продукти, конзервираното овошје и зеленчук, но и за алкохолните пијалоци, цигари и сите преработки од тутун. Според првичните најави од Стопанската комора се информирани за новите состојби кои ги затекнаа македонските компании. Иако причините за ембаргото се непознати, неофицијално се тврди дека ембаргото за Македонија ќе трае до 15 септември, бидејќи тогаш истекува забраната за увоз на брашно. Оттаку и причината за ембаргото директно се врзува со мерката поставена од македонска страна за условен увоз на брашно и пченица од 1-ви јули годинава. Косово важи за еден од најважните и најголеми пазари за македонските производители, а штетите од ваквиот потег допрва ќе се пресметуваат. Претходно се полемизираше и околу најавите од косовска страна дека ќе воведе такса од 100 евра за секој македонски, односно камион од соседството, со исклучок на Албанија кој ќе влезе на косовска територија. И во овој дел, иако беше најавено постигнување трајно решение,  властите договорија одложување на воведувањето влезна такса за македонските камиони кои превезуваат стока во Косово само до крајот на септември. Уште кон крајот на јуни, министерот за економија, Ваљон Сарачини изјави дека ако во меѓувреме не се постигне договор, можно е и Македонија да воведе реципрочно решение.
Слично

Поврзани вести