Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД СИНОЌА ИСПАД НА ПРВИОТ БЛОК НА РЕК БИТОЛА - не работат два од три блока на комбинатот

ОД СИНОЌА ИСПАД НА ПРВИОТ БЛОК НА РЕК БИТОЛА - не работат два од три блока на комбинатот

Електроенергетскиот систем во земјава повторно се соочува со проблеми.

Првиот блок на РЕК Битола има испад од вчера вечерта од околу 22.00 часот, потврдуваат за Фактор извори од МЕПСО. 

Тоа значи дека во моментов не работат два од три блока на РЕК Битола. 

За третиот, пак, се чека вградување на новиот трансформатор, кој неодамна стигна од Турција. 

Утре ќе се знае кога ќе биде пуштен во употреба првиот блок на комбинатот, кој синоќа испадна, објаснуваат изворите.

А.К.

Слично

Поврзани вести