Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од септември нова банкнота од 10 евра

Од септември нова банкнота од 10 евра
Нова банкнота од 10 евра се очекува да биде пуштена во отек есенва, пренесува Дојче веле. Таа треба да биде посигурна и потешка за фалсификување. На прв поглед новата банкнота нема големи промени. Но, новите банкноти се лакирани, имаат подолг рок на траење и треба да бидат потешки за фалсификување. „Банкнотите на еврото се веќе десет години во оптек, во меѓувреме техниката доживеа натамошен разој, а ние треба секогаш да бидеме чекор пред фалсификаторите, па затоа наскоро ќе стигне новата банкнота“, истакнува Карл-Лудвиг Тиле, член на раководството на Бундесбанката. Минатата година кога во оптек беше пуштена нова банкнота од пет евра некои автомати не ја прифакаа. Бундесбанка се надева дека овојпат тоа нема да се случи. Производителите на автомати, во секој случај, имаат време за да се подготват до септември.
Слично

Поврзани вести