Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД СЕПТЕМВРИ: Владата финансиски ќе ги поддржи компаниите да исплаќаат минимална плата од 12 000 денари

ОД СЕПТЕМВРИ: Владата финансиски ќе ги поддржи компаниите да исплаќаат минимална плата од 12 000 денари

Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска најави дека од септември Владата ќе почне со финансиска поддршка да ги поддржува компаниите да исплаќаат минимална плата од 12 000 денари.

За таа намена месечно од буџетот ќе се издвојуваат 1,5 милиони евра.

Ова е владиниот предлог што се разгледува со сите засегнати страни, синдикалците, коморите и работодавачите и според кој, од март 2018 година буџетската поддршка би се преполовила и би изнесувала 750.000 евра месечно.

Тевдовски посочи дека средствата за финансиска поддршка на компаниите од септември до декември 2017 година, вкупно шест милиони евра, се предвидени со ребалансот на Буџетот.

Овој предлог е прифатлив и за работодавачите.

Ангел Димитров претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија оцени дека зголемувањето на платите по максимум 2.000 денари од вработен или 16 отсто не е голем товар за бизнисот.

Слично

Поврзани вести