Од септември повисоки плати за администрацијата, најавува Груевски
Тој додаде дека со новите економски политики, со намалувањето на даноците и со временото зајакнување на даночната дисциплина, Владата успеала со пониски даноци да прибере повеќе пари во буџетот од претходно, а со тоа се создале услови за зголемувањето.
Покачувањето на платата за административците досега неколкупати се одлагаше, а последен пат на почетокот на декември Собранието го изгласа Законот за изменување на Законот за исплата на платите, по скратена постапка, со кој, наместо во декември 2013-та, зголемувањето на платите на вработените во јавниот сектор за 5 проценти се одложи за октомври 2014-та година.
Според Груевски, причина за одлагањето е економската криза. „Следуваа тешки економски години во светот и во Европа, со намалување на платите во јавниот сектор и со масовно отпуштање во јавниот сектор во голем број земји, но во Македонија тоа не се случи“, рече премиерот дека земјава ја задржала стабилноста како многу малку земји во тој период низ светот.
