Од септември поскапа струја, за евтината тарифа финални преговори
Нова повисока цена на струјата е извесна од 1 септември годинава. Регулаторната комисија за енергетика конечната одлуката ќе ја соопшти утре, а поскапувањето е изгледно поради барањата на енергетските компании кои доставија нови пресметки со повисоки трошоци. Можно е, но тоа од комисијата не се потврдува, да биде укината евтината тарифа за електричната енергија.
Од Регулаторнат акомисија за енргетика за Фактор велат дека и денеска се прават финалните пресметки, моментално комисионерите ги разгледуваат последните забелешки од компаниите и затоа не се открива колкаво ќе биде зголемувањето. Не се открива ниту за опцијата за укинувањето на евтината тарфа з апотрошувачите.
Од комисијата веќе имаше потврда дека компаниите побарале повисока цена. Таа треба да важи од септември. Извесно е дека ќе има поевтинување на топлинската енергија, односно очекувано е намалување на цената за парното затоа што поевтинува и гасот.
Инаку евтината тарифа беше воведена пред две години и беше реализација на предизборното ветување на СДСМ.
А.Т.
