Од Русија стигнаа восочните Александар, Филип и Олимпија
Вкупно 15 восочни фигури на историски личност пристигнаа од Русија, а меѓу нив и оние на Александар Македонски, Филип Втори и неговата сопруга Олимпија. Фигурите треба да бидат изложени во новиот Археолошки музеј, во посебна поставка.
Фигурите се изработени во Русија, во природна големина, а чинат нешто помалку од половина милион евра.
Но дел од експертите се збунети зошто Музејот ќе се полни со восочни фигури, кога Македонија има доволно оргинални историски артефакти пронајдени на археолошките локалитети низ земјава, кои треба да ги изложи. Од Центарот за културно наследство сметаат Арехеолошкиот музеј не е место каде треба да има восочни фигури, бидејќи тоа би значело и манипулација со историските факти.
Слично
