Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од распишувањето на изборите, нови правила за медиумите

Од распишувањето на изборите, нови правила за медиумите
Од денот на распишување на изборите, што според најавите на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, најверојатно ќе се случи на 15 април, за медиумите почнуваат да важат правилата од Изборниот законик донесен во ноември 2015 година, објави Мета. Ако во целост се имплементира Изборниот законик, тој е добра можност за регулирање на медиумите во предизборниот период, смета независната пратеничка Роза Топузовска-Каревска. „Во оваа ситуација и во овој период, Изборниот законик е добра можност за регулација, затоа што таму има и правила и казни. Уште повеќе што тој е изгласан со консензус од сите пратеници во Собранието на Република Македонија“ - вели Топузовска-Каревска. Како прв новитет во однос на регулирањето на медиумското претставување на политичките партии, покрај радиодифузерите, јавниот радиодифузен сервис и трговските радиодифузни друштва, е воведувањето контрола врз електронските медиуми односно интернет-порталите. Строго се забранува каков било начин на финансирање или донирање на политичките партии од медиумите и од лица поврзани со нив.
Слично

Поврзани вести