Од раце ни избегаа 119,7 милиони евра од ИПА фондовите
Средствата од ИПА фондовите се значајни за земјава.Токму затоа Владата одлучила да поче со подготовка на план кои ќе ги адресира предизвиците и ќе ги подобри капацитетите за поголема апсорпција на ИПА фондовите.
Во текот на вчерашната прес конфернција министерот за финансии Драган Тевдовски откри дека европските пари недоволно се искористуваат и дека Македонија прокоцкала речиси 200 милиони евра од нив.
Вкупно достапни средства на Македонија од ИПА 2007-2013 изнесувале 614 милиони евра. Средства во износ од 434,7 милиони евра се управуваат децентрализирано од националните структури во земјава. Од нив, склучени се договори за 304,2 милиони евра средства од ИПА. Процентот на склучени договори во однос на расположливи средства изнесува 70%.
Притоа, овој процент е најнизок кај ИПАРД компонентата (33,3%), додека e највисок кај програмите: ТАИБ 2009 (89,8%) и Програмата за регионален развој (83,5%). Вкупната вредност на исплатени средства од ИПА 2007-2013 заклучно со денес изнесува 216,5 милиони евра, односно 49,8% од расположливите средства.
„Досега во рамките на ИПА 2007-2013 се изгубени 119,7 милиони евра, а се утврди дека постојат ризици и за губење на дополнителни 33 милиони евра. Затоа Владата прави напори за посилно ангажирање на сите капацитети во функција на поголема апсорпција на средствата и подобрување на пристапот на земјава кон нивно користење“, истакна Тевдовски.
Министерот претстави три основи во изработката на планот за подобрување на искористеноста за ИПА средства.
