Од работата на Џонсон Мети и Џонсон Контрол зависи македонскиот извоз!?
Во услови на криза, најголемите две извозно ориентирани компании лоцирани во слободната зона Бунарџик, Џонсон Мети и Џонсон Контрол, ќе почнат со извоз во Велика Британија, најави денеска министерот за економија Сараќини. Според него, во текот на 2103 и 2014-та, извозот ќе порасне за 50% .
Џонсон Контролс и Џонсон Мети, пo 20 години ја сменија структурата на извозот на македонската економија и наместо како порано да извезуваме полупроизводи од челичната и текстилната индустрија придонесоа да извезуваме готови производи со додадена вредност, рече Сараќини кој денеска се сретна со менаџментот на двете компании.
„Во услови на криза во последниве две години Џонсон Контролс и Џонсон Мети успеаа да го задржат темпото на извоз и да најдат и нов пазар, Велика Британија. На средбата ми беше укажано дека годинава и следната година планираат за 50 проценти да го зголемат извозот,“ рече Сараќини, нагласувајќи дека на тој начин дури 50 осто од вкупниот извоз на земјава ќе се реализира од компаниите кои оперираат во ТИРЗ.
Министерот исто така апелираше младите да ги следат огласите за вработување и да аплицираат за работа во овие компании, а информираше и дека во Џонсон Контролс просечната возраст на вработените е 33 години.
Слично
