Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од први јули нова цена на струјата?

Од први јули нова цена на струјата?
Ќе има ли нова цена на струјата? Дел од енергетските компании во земјава ги доставиле своите пресметки до Регулаторната комисија за енергетика, дознава Фактор. До крајот на месецот сите три енергетски компании – државните ЕЛЕМ, МЕПСО и приватната ЕВН, имаат рок да ги достават своите пресметки за направените трошоци. Потоа, Регулаторната комисија за енергетика, откако ќе ги разгледа ќе утврди дали ќе има повисока цена на електричната енергија. Засега до регулаторите, само дел од енергетските компании ги имаат доставено своите пресметки и тие веќе се обработуваат од стручните служби. Според законските правила – новата цена на струјата треба да биде утврдена до први јули, а да биде пресметана со сметките што ќе бидат испорачани во август. Засега е неизвесно во која насока ќе оди корекцијата на цената на струјата и за колку проценти ќе биде променета. Лани, цената на струјата поскапе за 3,5%. Еве какви се цените на струјата во регионот и во Европа. Струјата има највисока цена во Данска и во Германија, додека Македонија е во групата на земји со најниска цена на струјата. struja Целата табела може да се види на следниот линк: http://ec.europa.eu/eurostat/tgm/graph.do?tab=graph&plugin=1&language=en&pcode=ten00117&toolbox=type  
Слично

Поврзани вести