Од први јануари нема да се регистрираат возила кои многу чадат!
Од први јануари 2015 година на сила ќе стапи нов закон со кој ќе се воведат построги казни за станиците за технички преглед во случај на неконтролирање на издувните гасови кај возилата во постапка на регистрација.
Законските измени се скроени, а наскоро за нив ќе расправаат и пратениците. Но, не само парични казни, за оние што нема да ги почитуваат одредбите од законот може да се случи да бидат затворени.
„За да се спречи загадувањето на атмосферскиот воздух и да се пресметаат количините на издувни гасови, потребно е превземање на построги казни во станиците за технички преглед во случај на неконтролирање на издувните гасови кај возилата во постапка на регистрација на истите, односно е потребно да се интервенира во Законот за возила, стои во објаснувањето на законските измени.
На ваквиот чекор, ресорните министерства за економија и внатрешни работи се одлучиле иоткако утврдиле дека:
„Станиците за технички преглед и покрај законската обврска што ја имаа за мерење на издувните гасови истата не ја извршуваа од причина што не беа пропишани казни за непостапување по наведените одредби, е наведено во објаснувањето на измените на Законот за возила.
Нема да се дозволи регистарција на возила кои не исполнуваат услови
Дополнително, со законските измени е предвидено дека доколку се контролираат издувните гасови кај возилата во постапка на регистрација, возилата кои не ги исполнуваат пропишаните услови нема да бидат регистрирани со што значително ќе се намали бројот на возила кои вршат зголемено загадување на воздухот, со што ќе се намали загадувањето и ќе се зголеми квалитетот на воздухот.
Но, наведено е и дека доколку стручниот работник ја потврди техничката исправност на возило спротивно на точно определни одредби од Законот, министерот за внатрешни работи со решение ќе му ја одземе лиценцата за работа на стручниот работник за период од пет години.
А истото ќе се случи и ако тоа го направи стручниот раководител.
Доколку стручниот раководител нареди или дозволи да се потврди техничка исправност на возило над кое не е извршен технички преглед, потврди техничка исправност на возило со неисправни уреди за сопирање, уреди за управување, возило со неатестиран уред за течен нафтен гас, не е извршено мерење на емисиите на издувните гасови на возилата или записот од измерените вредности од емисиите на издувните гасови на возилата не го приложува во регистрациониот лист за возилото, министерот за внатрешни работи со решение ќе му ја одземе лиценцата за работа на стручниот раководител за период од две години.3, е наведено во законските измени.
Дел од казните што ќе бидат иозречени се речиси двојно зголемени во однос на постоечките, а воведени се и нови.
Предлог измените на законот може да ги најдете на следниот линк
Слично
