Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОД ПРОСЛАВА ДО ТРАГЕДИЈА: Младо момче претепано до смрт во центарот на Охрид

ОД ПРОСЛАВА ДО ТРАГЕДИЈА: Младо момче претепано до смрт во центарот на Охрид

Новогодишната ноќ, беше кобна за 27-годишен охриѓанец, кој на улица беше брутално претепан до смрт.

Несреќата се случила вечерта околу 02 30 часот, кога бил физички нападнат од група туристи од Србија. Тие го нападнале на улица  „Цар Самуил“ во близина на угостителскиот објект „Табана“, а повредите за жал биле фатални.

Момчето било однесено во охридската болница, но набрзо починал. Тој бил студент пред дипломирање, а неговите сограѓани го опишуваат како мирен и повлечен.

Во текот на ноќта полицијата го пронашла и привела осомничениот за убиството заедно со уште неколкумина негови пријатели, кои престојувале во угостителскиот објект „Табана“.

Во претресот воо една од собите биле пронајдени шест српски државјани, меѓу кои и осомничениот. Тие се повикани на разговор во полицијата по што тројца се лишени од слобода.

Слично

Поврзани вести