ОД ПРОГРАМА ДО РЕАЛНОСТ: Зошто закочи гасификацијата?
Наташа Стојановска
Македонија ќе се гасифицира, граѓаните ќе имаа помали трошоци за греење, за градовите каде не е планирана гасификација ќе се обезбеди течен природен гас, Македонија ќе стане важен транспортен коридор за природен гас во регионот, ова се ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ во сите изборни програми од доѓањето на власт во 2006 година па се до последната изборна програма насловена како „Реално“. Со оглед дека и покрај ваквите ветувања, гасот се уште го нема во домовите, се отвора дилемата, дали ветувањата беа преамбициозни и популистички, напишани во функција за добивање на гласови, или пак реални проблеми на терен ги закочија проектите кои треба да бидат приоритет?
Програма во 2006 година и Програма во 2008 година имаат идентични ветувања дека граѓаните ќе ги почувствуваат благодетите на гасот а Македонија е биде важен транзитен коридор за транспорт на гас
„Имајќи ја во предвид цената на струјата на светските пазари, се повеќе простор треба да се даде на природниот гас. За таа цел во следниот четиригодишен мандат ќе се залагаме за доизградба на магистралнте гасоводи низ целата држава“, им вети ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните во 2006 година во изборна програма „Преродба во сто чекори“ со која дојде на власт. Со оглед дека две години подоцна имаше предвремени парламентарни избори, а за овој проект немаше речиси никакви сериозни поместувања, ВМРО – ДПМНЕ истите реченици ги испиша и во програмата насловена како „Надградена и проширена преродба во сто чекори“, со која повторно победи на изборите во 2008 година.
Но, и десет години по доаѓањето на власт, односно по првото ветување дека граѓаните ќе ги користат благодетите на природниот гас, тоа и натаму не е реалност. Граѓаните неможат да се греат на гас, цената на струјата неколкупати се зголемуваше изминатите години. А, дури годинава со големи контроверзи е изградена една гасоводна делница од 60 километри од главниот гасовод и тоа во Клечовце. Уште три други се најавени дека ќе се градат, но истовремено се комплицираше и изградбата на дистрибутивната мрежа, која гасот треба да го доведе во домовите на граѓните, па сега се промвира нов модел како тоа да се прави.
Македонија може да стане важен транзитен коридор за транспорт на гас
Но, ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ одеа и чекор подалеку, па во програмите во 2006 година и во програмата во 2008 година ветија дека не само што граѓаните во Македонија ќе го користат природниот гас, туку и земјава ќе биде важен транзитен коридор за транспорт на гас.
„Македонија може да стане важен транзитен коридор за транспорт на гас од Русија кон Албанија и Косово, како и обратно, од северно-африканските земји кон европските земји,“ вети ВМРО - ДПМНЕ во 2006 година во својата изборна програма „Преродба во сто чекори“ , а истото го наведе и две години подоцна во изборната програма насловена како „Надградена и проширена програма во сто чекори“
Програма 2011 година: Постигнат договор со Русија за враќање на клириншкиот долг
Во изборната програма од 2011 година ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека во претходниот пет годишен мандат била изработена Физибилити студија за изградба на националниот гасовод, и постигнат е договор со Русија за враќање на парите од клириншкиот долг во износ од 60,5 милиони долари со кои ќе се гради дел од националниот гасовод.
„Со средства во износ од 67,6 милиони евра, обезбедени од Руската Федерација, ќе се финансира изградбата на делот од приоритетниот магистрален правец Клечовце – Штип – Хамзали - Стојаково -граница со Република Република Грција. Вкупната должина на овој дел од гасоводниот систем е 169 км“, се наведува во изборната програма „Манифест за реформи“ од 2011 година.
Сепак, подоцна на парите од клириншкиот долг во износ од 60,7 милони долари, се додадоа и пари од буџетот со што се доби сума од 75 милиони долари. Но, со ниив се се финасираше само делнцата Клечовце во должина од 60 километри, а не како што се вети претхоно дека со тие пари ќе се финансираат 169 километри. Изградбата на делницата беше проследена со контроверзи за изборот на компаниите кои беа ангажирани без тендер, но исто така се процени дека станува збор за многу скапа изградба со оглед дека еден километар чинеше 1,2 милиони долари. Во насока на ваквото тврдење на аналитичарите беше и самиот факт дека и во Физбиилити студија што владата ја направи цената за изградбата на оваа делница беше наведено дека ќе чини три пати поевтино од сумата што на крајот беше платена за делницата во Клечовце.
Во оваа изборна програма се ветува и дека за општините каде не е предивидена гасификација ќе се работи на тоа да бидат снабдени со течен природен гас.
Програма 2014 година: Со гасификацијата значително ќе се намали трошокот за греење на граѓаните
ВМРО-ДПМНЕ во својата изборна програма од 2014 година насловена како „Проверено“, наведува дека веќе е објавен оглас за јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистибутивниот систем на природен гас во Скопскиот регион.
„Се очекува најдоцна до почетокот на 2015 година да биде склучен договорот за јавно приватно партнерство, а потоа концесионерот ќе има максимум период на подготовки од една година по што треба да започне градежните работи и во рок од четири години треба да се изградат 70 проценти од дистрибутивната мрежа. Концесијата ќе се додели за период од 20 години, а идниот концесионер мора да изгради минимум примарна мрежа од 250 километри, пишува во програмата „Проверено“.
Но, ова ветување беше поништено годинава.Односно, гасот беше стопиран, и се најави дека ќе се бара нов модел за концесија која ќе биде на 30 години. Иако имаше најави дека тоа ќе биде објавено пред изборите, сепак такво нешто не се случи.
И во оваа програма ВМРО-ДПМНЕ , исто како во 2006 година ветува дека гасот значително ќе ги намали трошоците за греење на граѓните, па оди дотаму што дури и се направени пресметки дека за стан од 80 метри квадратни кој се грее на парно, ќе има намалување на трошоците за 24 проценти, ако се грее на струја ќе заштеди 35 проценти, а доколку го користи екстра лесното масло како енергенс за греење, заштедите ќе бидат 54 проценти, кога ќе се приклучи на гас. Дадени се дури и цените за приклучок.
„За просечен стан од 80 квадратни метри, приклучокот кон оваа мрежа ќе чини околу 100 евра, а над оваа квадратура ќе се доплатува по 1,25 евра за метар квадратен. За комерцијалните објекти цената за приклучок ќе биде 1,25 евра по метар квадратен,“, се наведува во програмата „Проверено“ од 2014 година, но и покрај овие пресметки граѓаните се уште не можат да проверат дали пресметките се точни, затоа што гасот го нема во домовите.
Програма 2016 година:Гасот во домовите во 2022 година, до тогаш треба да биде готова 70% од дистрибутувната мрежа
И оваа изборна година, после десет години власт, ВМРО-ДПМНЕ ветува дека гасификацијата ќе биде клучен приоритет доколку победи на изборите. Во оваа изборна програма насловена како „Реално“ наведени се сите рокови во кои би се изградиле магистралните гасоводи, дистрибутивните мрежи и интерконективните водови кои се планирани со Грција Србија, Албанија и Бугарија.
„Рокот запроектирање на дистрибутивните мрежи е 1 година од изборот на приватниот партнер (2017-2018), а со започнување на градба ќе се започне кон крајот на 2017 година. Приватните партнери ќе имаат период на подготовкиод една година по што треба да започнат со градежните работи, и во рок од четири години треба да се изградат70% од дистрибутивните мрежи.“е наведено во програмате „Реално“
И доколку ова ветување е навистина реално се освари тоа значи дека на ВМРО-ДПМНЕ, за да го донесе гасот во домовиите на граѓаните и се потребни 16 години, со оглед дека рокот за изградба на дистрибитувните мрежи, кои практично значат поврзување со домовите, е 2022 кога треба да биде готова 70 отсто од мрежата.
Сепак, факт е дека во сите програми на партијата гасот е најавуван како приоритет, но досега по десет годишно владеење граѓаниите се уште не може да ги почуствуваат благодетите на овој енергенс.
