Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од понеделник стартуваат рестрикции во Словенија, епидемиолошката состојба најлоша досега

Од понеделник стартуваат рестрикции во Словенија, епидемиолошката состојба најлоша досега

Епидемиолошката слика во Словенија e најлоша досега. 

За 24 часа имало 3.166 заразени, што е голем пораст на бројот на заразени во споредба со пред една недела, кога беа регистрирани 2.145.

Oд понеделник ќе има рестрикции.  Сите ученици и студенти кои се „самотестираат“ за да можат да одат на настава, тоа наместо еднаш ќе треба да го прават два пати неделно. Се воведуваат и почести редовни задолжителни тестирања во здравствените и социјалните установи, а маски ќе треба да носат и вакцинираните, ако се во директен контакт со други луѓе.

Сопствениците на локали ќе треба да ги контролираат ковид-пропусниците на гостите, а доколку одбијат да ги покажат или да се идентификуваат, ќе им се забрани влезот. 

Во Источна Европа брзо се зголеми бројот на заразени со коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести