Од понеделник штрајкуваат вработените на аеродромите во Грција
Од понеделник до петок вработените на аеродромите во Грција ќе штрајкуваат.
Повод за штрајкот е договорот, ратификуван неодамна од Парламентот. Според него предметните регионални аеродроми се под концесија на германската компанија Фрапорт.
Ова е во знак на протест против препуштање на концесијата на 14 регионални аеродроми во земјата и против реструктуирање на службата за цивилна воздушна пловидба, објави весникот Вима.
Вработените од аеродромите не се сложуваат и со гласањето од парламентот нови за мерки за штедење, договорени од страна на владата со меѓународните кредитори на земјата во замена за добивање надворешна финансиска помош.
Слично
